Планинарска тура врв Меденица (2163 мнв) 14.05.2023 (недела)

Првата планинарска тура на ПСК Стратус ќе се одржи на врв Меденица ( 2163 м.н.в).
Врвот Меденица се наоѓа на западниот дел на главното планинско било на планината Бистра, во напосредна близина на село Галичник.

До врвот Меденица води добро обележана планинарска патека од селото Галичник.

Од врвот Меденица може да се ужива поглед кон Мавровско Езеро, Кораб, Дешат и секако Шар Планина.

Опис на турата :

Како прва тура, се одлучивме да биде лесно достапна за поголем број на луѓе.

Тргнувањето е од Скопје од железничка станица на 14.05 во 06 :00 часот.

Превозот е организиран од ПСК Стратус и е бесплатен за првите 20 луѓе кои ќе се пријават за турата.

ПСК Стартус има за цел, три пати во годината да организира беспатен превоз и водење на планинарски тури во Македонија.

Дополнително може да се пријават учесници кои сакаат да учествуваат на турата, но ќе треба да го организираат превозот до с.Галичник.

Задолжително е претходно пријавување за присуство на турата кај водич Дејан Тодевски.

078 401 702

До селото Галичник ќе ни бидат потребни околу 2 часа.

Турата ќе почне од с. Галичник во 08:00 часот. ( на паркингот на почетокот на селото)

Должината на патеката е 5км со висинска разлика од 700м Д+.

Движењето ќе се одвива во група и сите заедно ќе се упатиме кон врвот.

За искачување на врвот, ќе ни бидат потребни околу 2,5 часа.

Задолжителна опрема

  • Три сензонски чизми
  • Топла облека
  • Вода 1 л
  • Храна (по свој избор)
  • Насмевки и добро расположение

На турата се поканети сите активни и неактивни планинари, луѓе кои сакаат да почнат да се занимаваат со планирње кои ја сакаат приордата, почетници и искусни како и членови на други други планинарски клубови.

Grossglockner 3798mnv – Aвстрија – Јануари 2023
Дубровник 21К

Instagram