Водно Матка Треил 2023

Настан: Водно Матка Треил 2023
Дистанца: 40 км 2600м Д+
Време : 6 часа : 52 минути
Корнелија Тодосова

Во декември 2022 година, оваа дистанца и висинска разлика беа невозможна мисија. Во моето скромно “трчачко CV” , не постоеше ни приближно ваква дистанца. Пријавувањето на Водно Матка Траил, беше предизвик само по себе. Она што е многу интересно кај оваа трка е тоа што самата трка е во рана пролет, што значи дека базата ја градите во зима. Зимава за среќа беше блага, па Водно беше супер суво за 100% спремање и тренирање. Кога Деки ја скопли програмата и прв ден беше 2.01.2023 знаев дека ме очекуваат многу саати тренинг, она што беше клучно е дека сакав. Сакав да ја поминам целта на Водно Матка на долгата дистанца и тоа е тоа. Базата на мојот тренинг за Водно Матка, беа “часови поминати на нога” Зошто? Јас сум рекреативен тркач , кој чисто за споредба во 2021 во цела година имаше истрчано 1000км, а во 2022 двојно, значи 2000км со незначително малку висина, или со други зборови човек што сака премногу трчање и спорт ама преферира 10ки и евентуално полумаратон, или плинаниски трки до 20км со 1000m D+.
Се на се, во ова влегов tabula rasa. Се беше ново. Деби на планински маратон беше закажан. 02.04.2023 Како што и погоре споменав, базата беше часови тренинг, лесна зона. Мене ми требаше волумен.
Првите 4 недели, 270 км и 6350м D+ Неколку лесни трчанки, интервали и викенд Водно , фала богу и по некој ден одмор. Вторите 4 недели, односно најкраткиот месец во годината и 325 км 9 500м D+
Или клучниот месец, долги трчанки, подолги од 120 минути, акумулиран умор, сепак одев по патеки кои не ми беа познати, тука беа и првите long run на Водно, кои траеа по скоро 5 часа, и ме истоштуваа.
Секој тренинг детално концепиран, знаев точно колку км и висинска треба да поминам, и немаше отстапувања, не ни можеше да има.
Дали беше тешко? Да, не им верувам на луѓето кои викаат дека уживаат во процесот, да уживам сега и сум горда на себе, но имаше моменти кога не ми се трчаше, ми се спиеше, сакав одмор, ладно ми беше, нозете ми беа олово тешки, денови кога не идеше ништо, не
секогаш бев 200% мотивирана, бев само 0,2% ама бев 100% дисциплнирана и тоа е она што ме движеше. Трети 5 недели, заедно со недела за тејпер пред трка. 250 км 6000м Д+ 3 недели пред трка се појавија сигнали кои укажуваа дека е време да се намали малку темпото. Имав чудни болки во потколеници и модрици проследени со болка. Во таа недела трчав само 3 пати лесно по 75 минути. Се беше полесно после таа “лабава недела” По некои правила, 2 недели пред започнува намалување на километри се со цел телото да ја врати свежината. За трка требаат свежи нозе и тело. Имав трема. Многу. Премногу.

ТРКА :
Советот од Деки беше, ова е само твоја трка, трчаш лесно, да завршиш. Уживај. И тоа ми беше во глава цела трка. Она од што јас реално се плашев беше што ќе ми се случи после 32км, сметав дека таа зона ми
е непозната. Имав предвидено времиња на секоја контролна точка. Не сакав да доживеам “burn out” . И така одев, лесно, цела трка.
Првата половина, е исклучително трчабилна и оди под нозе, ама вистинската забава е после 20км. Од овој момент сега, посакувам да одев на некои места побрзо, мислам дека можев, но, колку и да звучи клише, тркава е исклучително важна трчачка лекција.

Програмата : Прецизна, јасна, предизвикувачка, скоена по мерка на моите можности.

ФАЛА ДЕКИ ЗА СЕ!

Охрид Треил
Истра 100 by UTMB

Instagram