Охрид Треил

Настан: Охрид Траил
Трка: 20 км, Д+~1000m
Време: 2h : 20min
Климент Пирузе

Климент е силен млад човек, кој своите спортски почетоци ги бележи со streetworkout. На свои 16 години почнува со трчање претежно со асфалтно трчање. Подоцна пробува планинско трчање каде и вистински се пронаоѓа. Тој продолжува  да тренира и во 2021 учествува на првата негова планинска трка Охрид Траил 20км 1000м д+, која успева успешно да финишра со време од Зч : 25м. Климент има посебен интерес за планинското трчање и сака да ја подигне неговата форма и неговата цел е подобар перформанс на трките кои следуваа. Климент ме контактираше мене Дејан Тодевски и од 01.04.2022 година започнува нашата соработка. Првата трка на која целевме беше Охрид траил и посакувано финиш време од 2ч : 20мин, за стаза со 20км 1000м д+ Внимателно концепираниот тренинг вроди со плод и целта беше остварена за само 45 дена.

На мое огромно задоволство, Климент покажа одличен перформанс во Охрид и финишираше за 2ч: 20 мин. Тренингот во првите четири недели се базираше на аеробен капацитет 60%, 10% анаеробен и 30% одмор , вежби за нозе и торзо и во лесните истрчавања кратки интервали на успон, како и неколку темпо тренинзи. Петтата и шестата недела беше тејпер за трката во Охрид. Обем на неделите 60км 2500м д+.

Водно Матка Треил 2023

Instagram