Методија Ичев

Методија Ичев

Приказната за соработката со Методија Ичев започна во 2022 година, веднаш по завршувањето на Водно Матка Траил 2022 година.

Методија е еден од редовните учесници на треил трките во Македонија и во Грција, исклучителен потенцијал кој е спремен да ги помести своите граници и да напредува во планинското трчање, неговиот труд е постојан, а успехот неизбежен.

Повеќе од една година Методија, активно тренира по соодветна за него креирана програма и бележи значителни резултати на трките на кои учествува, освен на трки на планина учествува и на улични трки како на пример Ноќен полумаратон Солун 2022 година, каде што патеката од 21,1 км ја истрча за 1h : 40min и ова е неговиот најдобар резултат на полумаратон.

Некои од резултатите на Методија се :

Струмина Траил 2022: 18,6км 700Д+ – 1h: 54 min
Пелистер Траил 2022: 21км 1170Д+ – 2h : 28 min
Mount Paiko Trail Race: 2022 20км 1200Д+ – Грција – 2h : 44min
Крали Марко Траил 2023: 18км 900Д+ – 2h: 14 min
Водно Матка Траил 2023: 27км 1400Д+ – 3h: 28 min

Повеќе од 12 месеци посветена работа и внимателно концепиран тренинг кај Методија вродуваат плод на значително подобри резултати на трките.

Тренингот се базира на основа на креирање на квалитетна база, односно тренирање во аереобен капацитет во поголемиот дел од времето, изостување на формата, подобрување на брзината и зголемување на економијата на трчањето и пред секоја трка секако, соодветен тејпер, односно последни подготовки 7 дена пред трката.

Меденица 2163м
Гросглокнер и Триглав 07.07-11.07.2023

Instagram