Љуботен Треил

2000 D+ 20KM

Надмораската висина на врв Љуботен е 2498 м. Тој е првиот врв од шарпланинскиот венец. Географски се наоѓа на самата граница помеѓу Македонија и Косово. Љуботен е често посетуван врв од страна на многу македонски,но и балкански планинарски друштва. Планинарската тура до Љуботен во месеците од мај до октомври е средно лесна и е погодна за почетници, кои ги бележат своите почетоци во планинарењето. Во текот на целата тура, до самиот врв, природата нуди извонредни пејсажи.

Идеја за Љуботен Tреил

Јас, Дејан Тодевски, себеси се сметам за огромен љубител и почитувач на планините, и трчањето.

Активно се занимавам со планински трчање веќе 8 години.

Моите почетоци на планина, датираат од 2009 година.

Во сите овие години искуство во трчањето и планините, имам учествувани на бројни трки во Македонија и на Балканскиот Полуостов, но и пошироко како Италија, Шпанија и Русија….

Дел од тие трки, се елитни натпреварувања на кои учество бележат светски познати планински тркачи.

Од бројните искуства, дојде и самата идеа за организација на трка на Шар Планина.

Љуботен е прекрасен врв,  и го заслужува целото внимание.

Свесен сум за промоцијата и целта која ја имаат трките, се промовира планината и нејзините убавини, државата во која се наоѓа како и трчањто како спорт.

Лично сметам дека македонските планински убавини не се доволно промовирани, на нас љубителите останува да направиме се што е во наша моќ за да го направиме тоа. Мојот личен придонес е со тоа што целото свое искуство и знаење ќе го пренесам во една, се надевам успешна организација на првото издание на Љуботен Треил 2023 и се надевам дека во идинина, трката ќе прерасне во интернационална трка.

Технички карактеристики на трката

Главен организатор на трката е Планинарско спортски клуб СТРАТУС од Скопје.

Трката ќе се одвива дел низ планинарски патеки (широка патека со благ нагиб до планинарски дом Љуботен,  како и низ технички терен  (терен со карпи, камења и слично ) од Вила Љуботен до самиот врв, патеката ќе води низ Козја Стена.

Висинската разлика која ќе се искачи е 2000м Д+, а ќе се спуштат 1000м Д-.

Трката ќе биде верифицирана и бодувана  според  ITRA стандарди.  ITRA – International Trail Running Association – official world ranking of trail runners recognized by World Athletics

Опис на трката и контролни точки

Старт : Старо Село (кај училиштето, фудбалски терен)

CP 1 : Вила и дом Љуботен – 8км 800м Д+  (сензор за електронско мерење на време  и храна и освежителни пијалоци )

CP2 : Врв Љуботен – преку Козја Стена 12км 1800м Д+ ( сензор за електронско мерње на време )

CP3 : Викендици с.Рогачево – 17км 1000м Д- ( освежителни пијалоци )

Цел : Вила и дом Љуботен 20км 2000м Д+ ( вода, храна и освежителни пијалоци, прва помош

 Напомена : Од причини што стартот и целта на трката се на различни места, организаторот ќе обезбеди соодветено место за оставање на опрема и лични предмети на самиот старт ( dropbag) , кои најдоцна од 1 час пред трката ќе треба да се остават на соодветно определено место и истите ќе бидат пренесени и ќе може да се подигнат на целта на трката.

Од безбедносни  причини ве молиме да не оставате вредни предмети во  drop bag.

Oрганизаторот нема да биде одговорен за било какво губење на кршење на соодветните предмети.

Секој учесник треба да ја заврши  трката во  вкупен временскиот лимит од 7 часа.

Времето ќе се мери електронски, со мерни сензори на клучни контролни точки.

Секој учесник на својот стартен број ќе имаа соодветен чип за отчитување на времето.

Лимит ќе постои на две контролни точки и тоа :

  • Вила и дом Љуботен – 8км 800м Д+  временски лимит :  2ч : 30мин
  • Врв Љуботен – 12км 1800м Д+ – временски лимит : 5 часа

Учесниците кои нема да го достигнат временскиот лимит предвиден од организаторот ќе бидат дисфаликувани и нема да можат да ја продолжат трката.

Награди и признанија

Целата организација на првото издание на Љуботен Траил 2023 е помогнато од  брендот Salomon, кој во нашата држава е достапен преку продажната мрежа на BEOSPORT.

Секој учесник кој ќе ја заврши трката во предвидениот временски лимит од  7 часа ќе добие финишер медал.

Вода и  освежување ќе бидат достапни на  контролни точки  а, секој учесник ќе добие оброк на крај на трката.

Заедно со стартниот број секој учесник ќе добие награди од спонзорите на трката.

Определен е соодветен награден фонд за најдобрите 3 во машка и женска конкуренција:

1 место – 9 000 ден

2 место – 6 000 ден

3 место – 3 000 ден

Рок за пријавување и стартнина

Целосниот процес на пријавување се врши преку сервисот на Smart Race

LSR001 (smartrace.club).

  • Рана пријава важи до 05.2023 – цена 1200 денари
  • Стандардна пријава важи од 05.2023 до 08.09.2023 – цена 1500 денари.

Правила и регулативи за учество на трката

Правилата и регулативите одредени од организаторот на трката се создадени со цел да го направат настанот фер, спортски и коректен за сите натпреварувачи и поддржувачи на настанот.

Со самото пријавување на трката , натпреварувачите се согласуваат и ги прифаќаат условите предвидени од организаторот.

Трката може да претрпи одредени промени доколку организаторот смета дека истото е неопходно.

  • Право на учество има секој кој на денот на трката 16.09.2023 има наполнето 18 години
  • На стартот на трката поседува соодветна опрема која е означена како задолжителна од страна на организаторот и тоа :
  • Јакна за ветер и дожд
  • Астрофолија
  • Мобилен телефон со наполнета батерија
  • Шише или бидон со вода од 500 мл
  • Стартен број обезбеден од организаторот, закачен на видливо место на предниот дел од телото.

За подобра и покомфорна трка, како и сопствена заштита од природни услови, препорачано е поседување на :

  • Наочари за сонце
  • Заштитен фактор за лице СПФ 30
  • Стапчиња за планинарење
  • Ракавици
  • Бандана или капа
  • Соодветен избор на облека согласно временските услови.

Организаторот  го задржува правото на проверка по случаен избор на неколку натпреварувачи пред самиот старт на трката за поседување на соодветната задолжителна опрема која е определена од организаторот. Доколку не се поседува соодветната опрема, натрпеварувачот ќе биде дисфаликуван.

Контакт

За подетални информации контактирајте не

Fill out this field
Fill out this field
Fill out this field