Grossglockner 3798mnv – Aвстрија – Јануари 2023

Зимско Искачување  02.01 -05.01 2023

 Број на наврски: 2

Прва наврска:

Никола Илиевски (Клуб: I love Hiking)

Дејан Тодевски (Клуб: ПСК Стратус)

Втора наврска

Слободан Димовски (Клуб: А.К. Велесин)

Никола Андоновски (Клуб: ПК Македон)

Карактериски на насоката  : Stuedlgrat 700m D+ (UIIA III +)

Тргнување од Скопје во 6ч 02.01.2023 и пристигнување на паркингот во Gluckner House (Национален парк Hoche Tauern Kodnitztal), после 12 часа возење.

Следен чекор беше подготовка на оперемата и упатување кон  плнинарскиот дом Studdlhhutte (2800m), до домот стигнавме за 2,5 часа. Во домот во фукнција беше само бивак собата, што е редовна пракса за зимски услови.

Сместувањето во бивак собата беше проследено со оброк, после оброкот следуваше одмор.

Планот беше да се помине ноќта во бивак собата, и утрото на 03.01.2023 во 4:00 да се тргне кон пристап на насоката, во на 9 соката се искачуваат 700м D+

После краток одмор, во точно 4:25h ja напуштивме бивак собата.

Пристапот до насоката траеше 4 часа, со исклучително голема количина на снег, кој реално не го очекувавме.

Отакако пристапивме во насоката, околу 8 часа ни беа потребни да го поминеме  гребенот Stuedlgrat  кој има оценка   (UIIA III + )

Насоката ги немаше идеалните услови кои очекувавме дека ќе ги најдеме. Имаше многу ново наврнат снег кој дополнително ги отежнуваше условите на гребенот и бевме приморани дополнително да го чистиме прашкастиот снег. До  средина на насоката   двете наврски движевме лесно во паралелна наврска, каде што делумно теренот е полесен и овозоможува движење во паралелна наврска.

Втората половина од насоката, е потешка. Во оваа половина почнуваат потешки скокови каде што мора соодветно да се употреби целосно обезбедување, каде што Никола Илиевски ја водеше насоката во клучните делови кои беа отежнати од мек снег.

Последните 200 висински метри од насоката беа и најтешките. Во голема мера чувствуваме умор, исто така се соочивме и со влошени временски услови, силен ветер од 25км/h и удари од 30км/h. Ладниот ветер ја симна темературата на воздухот, на -25 степени и веќе почна да ја замрзнува карпата  и се создаде замрзната глазура и тоа  ги отежна условите за користње на дерези и бајли.

За искачување на насоката ни беа потребни вкупно 12 часа.

Спуштањето надолу, беше отежнато поради големиот умор кој сите го чуствувавме.  Ни беа потребни околу 3 часа.

Веќе се ближеше ноќта кога ние веќе бевме на врв, моравме брзо и ефикасно да се симнеме од самиот врв.

Спустот сам по себе, има своја тежина, односно се работи за технички терен, кој бара соодветно внимание и  опрема, особено во зимски услови како оние на кои што ние наидовме.

Вечерта ја поминавме во бивак соба во домот Erzherzog – Johann- Hutte, кој се наоќа на 3454 м надморска висина, каде што ја поминавме ноќта. Со многу малку вода и храна која ни беше останата.

Во утринските часови се упативме кој нашите возила.

До возилата движевме околу   9 часа, условите беа отежнати повторно поради големи наноси на снег.

Истра 100 by UTMB
Планинарска тура врв Меденица (2163 мнв) 14.05.2023 (недела)

Instagram