Гросглокнер и Триглав 07.07-11.07.2023

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКЦИЈАТА:
Со својата висина од 3798 метри, Grossglockner е највисокиот планински врв во Австрија, а исто така и целиот масив на групата Glockner во централниот дел на Hohe Tauren и истоимениот национален парк. Се наоѓа на границата на провинциите (Бундесландер”) помеѓу источен Тyrol и Korushka на североисток. Планината има облик на пирамида (ѕвоно) со два врва: поголемиот Grossglockner (3798 м) и помалиот Kleinglockner (3770 м). одделени еден од друг со тесно и откриено седло Glocknerscharte (3766m).

План

Петок – Сабота ( 7 – 8 Јули )
Тргнување во 18ч од Скопје и пристигнување на паркингот Глокнервинкел во близина на хотелот Lucknerhaus (1920м) во утринските часови.
Пакување и поаѓање за домот Erzherzog Johann Hütte (3454m). Сместување, слободно време, подготовки за утрешното искачување, вечера, ноќевање. Потребно време до пристигнување на домот 5ч.

Недела ( 9 Јули )
Рано наутро по договор поаѓање на искачување до Grossglockner (3798м) од домот Erzherzog Johann Hütte (3454m).
Потребно време до врвот 2ч.
По пристигнувањето на врвот планирано е време за одмор, храна и фотографирање, по што тргнуваме назад, спуштајќи се од врвот, по истата рута до нашите возила на паркингот.
По пристигнувањето на паркинг, пресоблекување, пакување, можна пауза за кафе или чај во гостинската куќа Lucknerhaus Потоа тргнуваме кон. Словенија, каде што е планирано едно ноќевање.

Понеделник (10 Јули)
Рано наутро по договор се вози до долината ( Крма 1100м), и се започнува искачувањето до Врвот Триглав (2864м)
По стигнувањето на врвот, правиме пауза за одмор, јадење и фотографирање, по што тргнуваме назад, спуштајќи се од врвот до паркингот, следејќи ја истата рута.
Потребно време за искачување и спуштање од 10ч – до 12ч.
По спуштањето од врвот се упатуваме во местото каде што сме сместени и преспиваме уште една ноќ.

Вторник ( 11 Јули)
Прошетка во Љубљана и тргнување во Скопје и пристигнување во вечерните часови.

Барања за учество во акцијата :
– Основно искуство на снежен терен со користење на дерези и цепин.
– Основно искуство по виа ферата
– Познавање на елементарни јазли (осмица, прусик, рибарски).

ОПРЕМА:
• Облека и опрема за летно и зимско качување.
• Високогорска ( чизма , дерези, цепин, стапови, 2 прусика и карабинери )
• Ранец 30Л-40Л со можност за носење цепин и заштитен шлем.
• Прибор за прва помош за планинарење и лична аптека.

ИСХРАНА
• Индивидуално ( попатно ке застанеме во маркети каде што ќе се снабдиме со храна)
• Сместувањето на Grossglockner нуди храна.

СМЕСТУВАЊЕ
• 1 ноќевање во дом (со појадок и вечера ).
• 2 ноќевања во Словенија.

Водич на акцијата : Дејан Тодевски
Телефон за контакт и дополнителни информации : 078-401-702

Методија Ичев
Подготвителни активности за акција на Алпи на ПСК Стратус и ПСК Х2О

Instagram