Дубровник 21К

Настан: Дубровник 21к
Трка: 21к
Време: 01h : 44min
Дарко Аницин

Ова е мојот трет полумаратон, првиот беше Виз Ер Скопскиот маратон 2022 (истрчан за 2:04 минути), вториот Бокешки полумаратон 2022 (истрчан за 1:51 минута).

На почетокот на оваа година (2023) почнав со планови, каде и на кои тркачки настани да учествувам. Меѓу другите а и како за почеток го одбрав Дубровник но некако не ми се поклопуваше планот за реализирање на ново и подобро време на целта со реалната состојба и моја физичка подготовка. Тука многу ми помогна Деки, ми направи програма која на почетокот ми изгледаше нестварна, но подоцна се покажа дека е вистинката за мене. Јас претходно само трчав, со зацртана далечина, некогаш и брзина но нередевно и без план. Програмата на Деки беше точна и прецизна во однос на ден, саатница, далечина, висинска разлика, интервали дури и план за исхрана…во однос на точноста и прецизноста ме погоди, бидејки карактерно сум прецизен и точен но кога ќе ги видев бројките едноставни ми доаѓаше да се откажам, на неколку наврати и ќе му се јавев и ќе му кажев не е ова за мене а он само ќе ми кажеше: Даре! Можеш! Го имаш потенцијалот само природно ни е да се плашиме од непознатото. Ќе се охрабрев и ќе истрчав колку и да требаше, за се беше во право.

Резултатот си дојде, Дубровник, полумаратонот го истрчав за 1:44 минути, за патека каква што си е, јас сум презадоволен.

Одиме понатаму!

Во исчекување сум на новата програма за новите предизвици.

Планинарска тура врв Меденица (2163 мнв) 14.05.2023 (недела)
Меденица 2163м

Instagram