Написи од admin

Лешница – долина на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат. На југозапад е оградена со највисокиот Титов Врв, додека на југоисток со вториот највисок врв Бакардан, на запад со Среден Камен и на исток со Плат, додека кон север е отворена и се спојува со долината на реката Пена, во нејзиното горно сливно и изворишно подрачје. Се дели на Долна Лешница на надморска височина од 1450 метри и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина.

Опис на турата :
Првата станица од Скопје е од Железничка станица во 05:45, втората станица е кај Веро Тафталиџе во 06:00.
Турата ја започнуваме од с. Бозовце на Шар Планина.
Од с. Бозовце до Лешница (поточно Долна Лешница) постојат две паралелни патеки: северна и јужна.
Ние ќе ја користиме северната патека која започнува веднаш од горната чешма во селото непосредно од паркингот бидејќи истата е живописна и нуди прекрасни погледи кон околните врвови вклучувајќи го и Титов Врв.

За враќање ја користиме јужната патека која всушност претставува трасиран земјен пат од Бозовце до Лешница. Поаѓаме веднаш од горната чешма во с. Бозовце, каде го паркираме возилото и се движиме по земјен трасиран пат. По изминати 3,5 км. се двоиме по планинарска патека и навлегуваме во прекрасна зимзелена и дабова шума
Движењето по планинарската патека е лесно бидејќи висинската разлика која ја совладуваме е незначителна,
По вкупно изминати 6 км. пристигнуваме во Долна Лешница каде се спојуваат јужната и северната патека: волшебно место за уживање и прекрасни погледи на околните врвови.
Продолжуваме уште 3,5 км кон Кривошијски слап (Долно Цкало), која е значително поголема со уреден пристап и импровизирано дрвено скеле.
Тука правиме краток одмор , а потоа продолжуваме кон Кривошијски Водопад.
Назад се враќаме по јужната патека се до селото Бозовце во вкупна должина од околу 9 км.
Целата тура е во должина од 20 км со совладување на околу 750м Д+.

Задолжителна опрема

Три сензонски чизми
Облека во согласност со временските услови
Вода 1 л
Храна (по свој избор)
Насмевки и добро расположение
На турата се поканети сите активни и неактивни планинари, луѓе кои сакаат да почнат да се занимаваат со планирње кои ја сакаат приордата, почетници и искусни како и членови на други други планинарски клубови.

Задолжително е претходно пријавување за присуство на турата кај водичи:

Дејан Тодевски 078 401 702
Валентино Божиновски 078 825 904

Цената на планинарската тура е 700 денари, во цената е вклучено превоз и организација на турата. Плаќањето може да се изврши на жиро сметката на клубот, но со претходна најава кај некој од наведените водичи.

Жиро сметка : 210-076704430114
Со назнака : Лешница – Име и презиме

НАПОМЕНА:
Секо учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

Наведените планинарски акции се организирани и движеьето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акциа доколку не ги исполнува наведените услови и не а поседува соодветната планинарска опрема
за предвидената планинарска акција.

Секоі учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесуваье.

Организаторот и водичите го задожуваат правото на измени на термините и редоследот на акциата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.


Instagram