За Клубот

Нов клуб на македонското спортско небо.
Место за сите спортски ентузијасти, вљубеници во природата, планината и височината, дружбата и забавата, како и за рекреација и тренинг.
Придружете ни се, вратите се широко отворени за сите вас, млади и стари, мажи, жени и деца, со и без искуство , активни и неактивни планинари.
Ви ветуваме безбедно планинарење и уживање во природните убавини на Македонија и светот преку еднодневни и повеќедневни планинарски тури и експедиции,секако со соодветна едукација на сите наши членови.

Планинарски тури

Прочитајте ги нашите извештаи од изведените планинарски акции.

Трчање

Планинарење

Планинско трчање

Правилна исхрана

Подобрен перформанс

Остварување на целта

Изработка на индивидуални тренинг планови

Како лиценциран кондиционен тренер верувам дека правилниот и постојаниот тренинг е најважна алатка за остварување успех. Благодарение на ваквиот пристат мојот перформанс бележи повеќе победи на трките во Македонија, а истовремено остварени добри резултати и пласмани вон нашата држава.

Љуботен Треил

Надмораската висина на врв Љуботен е 2498 м. Тој е првиот врв од шарпланинскиот венец. Географски се наоѓа на самата граница помеѓу Македонија и Косово. Љуботен е често посетуван врв од страна на многу македонски,но и балкански планинарски друштва. Планинарската тура до Љуботен во месеците од мај до октомври е средно лесна и е погодна за почетници, кои ги бележат своите почетоци во планинарењето. Во текот на целата тура, до самиот врв, природата нуди извонредни пејсажи.

Спонзори

Тим Билдинг

Планинарско спортскиот клуб Стратус од Скопје , покрај планинарските и  високогорските тури и други out door активности, организира и тим билдинг активности за фирми кои сакаат на своите вработени да им пружат поинакви активности кои позитивно ќе влијаат на психо-физичкото здравје на вработените. Активностите и турите се согласно договор и бројот на вработените и може да се организираат во Македонија и на Балканот

Контакт

За подетални информации контактирајте не

Fill out this field
Fill out this field
Fill out this field